Најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ, би можел еуфорично да ја заврши 2020 година, откако е номиниран за наградата „спортист на годината” во избор на американското списание „Спортс илустрејтид”, која единствено недостасува во неговата богата ризница трофеи.
За пехарот „Нола”, популарниот Ноле ќе се бори со најдобриот кошаркар во регуларниот дел од минатата НБА-сезона – Јанис Антетокумпо, кошаркарката на Лас Вегас Ејсис од ВНБА – Аја Вилсон и членот на бејзбол-шампионот Лос Анџелес Доџерс – Муки Бетс.
Според престижното списание главните критериуми, според кои ќе биде избран играчот на годината, ќе бидат вештините, карактерот, способностите и кој се покажал како најуспешен оваа година.
За Ѓоковиќ е наведено дека годинава ја освоил 81. титула во кариерата, го кренал осмиот пехар на Австралија опен, со што го освои 17. гренслем-трофеј.
Американскиот магазин ја спомна и неговата шеста сезона на првата позиција, како и финалето на Ролан Гарос.