Гласањето во Aвстралија помина мирно и достоинствено!

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, кој извесно време престојува во Австралија во функција на изборите соопштува дека гласањето на двете места – во Амбасадата на РМ во Канбера и во Конзулатот во Мелбурн – поминале мирно и достоинствено.

Во Мелбурн педесетина избирачи со важечки патни исправи изразиле револт од сознанието дека не се запишани на избирачкиот список, иако уредно биле пријавени и на последните две гласања гласале и биле запишани на избирачкиот список. Ним избирачкиот одбор не им дозволи да гласаат бидејќи ги немаше на избирачкиот список иако дојдоа да гласаат.


Инаку, на парламентарните избори во 2011 година во Австралија од вкупно запишани 798 избирачи гласале 600, од кои 591 биле важечки а 9 неважечки гласачки ливчиња, со излезеност од 75%. На парламентарните избори во 2014 година од вкупно запишани 1.534 избирачи гласале 1.132, од кои 982 биле важечки а 51 неважечки гласачки ливчиња, со излезеност од 64%.


На вонредните парламентарни избори, на 10 декември 2016 година, од вкупно запишани 1.860 избирачи гласале 854, од кои 839 се важечки а 15 неважечки гласачки ливчиња, со излезеност од 45%, соопштува СМК.

Останати вести