Опсервациите на глечерот не оставаат простор за сомневање дека глобалното затоплување е реално. Словенечката агенција за животна средина во Љубљана беше отворена изложба по повод одбележувањето на 70-годишнината од редовното следење на глечерот Триглав и исто така да се предупреди на фактот дека тој и натаму се намалува како резултат на глобалното затоплување.
Географскиот институт „Антон Мелик” започна со опсервирање на глечерот Триглав во 1946 година. Истражувањето утврди дека глечерот бил формиран за време на малата ледена доба во 16 век, посочи Матеј Габровец од институтот. Геодетското мерење му овозможи на институтот да го утврди обемот на глечерот. Во 1952 година, глечерот имаше два милиони кубни метри, додека денес неговата големина е само три отсто од тоа. Глечерот се намали најмногу во 2003 година.
Институтот започна со набљудување на глечерот со помош на модерната технологија во 1990-тите години и денес глечерот може да се следи во живо со помош на веб-камера.
– Опсервациите на глечерот не оставаат простор за сомневање дека глобалното затоплување е реално, вели Клемен Бергант, директор на Метеоролошката канцеларија на Агенцијата за животна средина. Тие беа од клучно значење за оваа реализација, додаде тој.
– Температурата околу глечерот се зголеми за 1,7 Целзиусови степени во изминатите 40 години, истакна Бергант на конференција за печат во Љубљана.
(Словенија тајмс)