Премиерката на Нов Јужен Велс Гледис Береџиклијан повторно ги прозва своите колеги Ендрус и Палашчук во врска со пограничниот хаос велејќи дека е „фрустрирана„, а потоа и ги обвини оти измислуваат работи.
Береџиклијан изјави дека не сака „да издвои” ниту еден од премиерите, но вели оти тие не треба да одредуваат што е жариште на болеста а, што не е.
„Централните здравствени тела утврдиле оти не постои ниту едно место во Австралија кое би можело да се нарече жариште на болеста. Зошто било кој премиер да одредува што е жариште, а што не е? Мораме да се раководиме според науката и податоците. Во Нов Јужен Велс, да чукнеме во дрво, така и работиме ги слушаме советите на здравствените институции и научно-темелените совети” – изјави таа.
Во декември, откога стигна информацијата за кластер на болеста во областа Northern Beaches, другите држави и територии ги затворија своите граници кон Сиднеј, па дури и кон регионалните делови на Нов Јужен Велс.
На премиерката и поставија прашања за поттикот за вакцинирање на граѓаните против КОВИД – 19 кое треба да почне следниов месец. Една од мерките за поттикнување за вакцинирање вклучува и забрана за влегување во простории со висок ризик на лица кои се противат на вакцинацијата, а станува збор за места како пабови, клубови или други угостителски објекти.
„За заедницата е важно да почне да се размислува за вакцинирањето и за тоа што мислат за неа. Ова се теми за кои ќе се разговара во следните неколку недели, авионските компании веќе најавија дека нема да можете да патувате преку океанот ако не се вакцинирате, што воедно ќе биде поттикт на голем број граѓани” – изјави таа.