Прелевање на реката Glenelg

Веќе е трета недела од пролетта, а жителите на Викторија се соочуваат со зимски услови и обилни дождови. Во текот на минатата седмица низ целата држава врнеше и изгледа дека дождот нема наскоро да престане.

Прогностичар од канцеларијата за метеорологија Мајкл Ефрон вели дека неделава не се очекуваат суви денови, а ако сте мислеле оти викендов имавме лошо време, имајте на ум дека ќе се влоши. Метеролозите веќе издадоа над 10 предупредувања од поплави, а можно е вакви предупредувања да има повторно во следните денови, особено кога се пред­видуваат врнежи во целата држава. Реката Glenelg предизвикува големи грижи поради можност од умрени до големи поплави.
Минатата недела водостојот на реката во утринските часови бил најголем – шест местри во Casterton на западот на Викторија. Од обилните врнежи во Colerainе 12 куќи се сериозно оштетени, додека две во регионот на Casterton. Некои од жителите се присилени да ги напуштат своите домови, а возач на камион кој доставувал млеко останал заборен во поплавата па го спасуваа со чамци. Карен Стефенс членка на советот на поширокиот градски округ на Glenelg рече дека улиците се уништени или поплавени и тоа ќе создаде проблем за жителите. „Можеби ќе мораат да користат чамци” – рече таа.
Мајкл Ефрон рече дека оние кои живеат околу Бендиго во централна Викторија се следи кои ќе бидат погодени од обилни врнежи. „Овој дел на државата ги избегна дождовите во текот на последните 12 часа и таму ќе биде суво. Веќе издадовме предупредувања за поплави од некои од речните региони во овој дел на државата, а најавениот дожд може да предизвика проблеми” – рече тој.
Покрај обилните дождови, жителите на Викторија чувствуваат и студ со намалени температури. Жителите на Мелбурн особено се присилени повторно да ги облечат своите капути, од кога минатата недела почувствуваа малку потопло време. Во делови на Викторија се издадени последни предупредувања на поплави за реките Broken River, Seven и Castle Creeks, како и за Werribee River во Балан. Помали предупредувања за опасност од поплави издадени се за реките Avoca, Kiewa, Loddon, Murray низводно од езерото Humе, како и реките Ovens, King и Snowy River. Ефрон изјави дека степенот на предупредување од поплави може да се промени ако дојде до поголеми врнежи, а Итната служба на Викторија ги моли граѓаните да се подготват за обилни дождови. Тревор Вајт водителот на операции на државната итна служба рече дека граѓаните мораат да се погрижат за себе и да ги следат дадените предупредувања. „Постојат начини на кои можете да се подготвите, себе, својот дом,семејството, како и својата компанија во случај на поплава. Важно е луѓето да возат во склад со условите на патиштата и да бидат подготвени на опасност како што се кал, оштетени патишта, мостови… Никогаш не возете низ поплавен регион, потребни се само 15 сантиметри вода за да изгубите контрола над возилото. Ги молиме граѓаните и да не си играат, да не пливаат, да не одат и да не возат низ поплавените предели, тоа може да биде отровно и опасно” – рече тој.
Викторија е погодена повеќе од било која друга држава а поплавите и понатаму ќе предизвикуваат проблеми во делови на Јужна Австралија. Околку 10,000 имоти, повеќето на полуостровот Eyrе и западниот брег на државата, минатиот четврток останаа без струја за време на силните невремиња и обилни врнежи кои ја погодија државата. Итната служба одговори на околу 175 позиви за помош, повеќето поради оштетувања настаните поради водата. Во Aделаид евакуирани се пациенти во породилиштето во воената меморијална болница Брнсајд поради поплави и поплавен лифт во медицинскиот центар St. Andrews во градскиот центар. Во градот паднале на 30 мм дожд, на планината Mount Lofty 44 мм, а во Mount Gambier и Naracote се забележани над 50 мм дожд. Ако ви е потребна помош во текот на поплавите јавете се на Итната службна на бројот 132 500. Ако знаете дека вашите соседи спаѓаат во загрозената група проверете ги дали се добро, ако тоа е сигурно да се направи. Ако се наоѓате во ситуација опасна по живот, јавете се на бројот 000.

Останати вести