Чувствителност на глутен: 10 знаци дека мора да го исфрлите од исхраната

Многумина сметаат дека болеста позната како целијакија е синоним за пречувствителност на глутен, но, всушност, станува збор за два различни здравствени проблеми кои можат да се решат со елиминација на глутенот од исхраната.

Целијакијата е хронична автоимуна болест, односно тешка интолеранција на организмот на глутен, материја која се наоѓа во пченицата, јачменот и оризот поради која доаѓа до оштетување на системот на варење. Можно е да се открие по пат на анализи на крвта според кои се поставува дијагноза.
Од друга страна, не постои анализа со која можеме да го докажеме постоењето на пречувствителност на глутен кај лицата кои не боледуваат од целијакија или пак немаат алергија на пченица. Меѓутоа, тие личности исто така чувствуваат симптоми слични на оние кај целијакијата.
Стручњаците велат дека елиминацијата на глутен од исхраната денес е вистински тренд, но треба да проверите дали тој навистина е причина за вашите здравствени проблеми.
ЕЛИМИНАЦИСКА ДИЕТА
Ако се сомневате дека глутенот му штети на вашето здравје, се препорачува да спроведете елиминаторска диета во траење од четири недели. Во текот на овој временски период, мора во целост да ги исфрлите од исхраната сите производи коишто содржат и најмала количина глутен. По четири недели глутенот повторно воведете го во исхраната и потоа проучете како вашето тело реагира.
Ако во текот на елиминацијата сте се чувствувале подобро, здравствените проблеми се ублажиле или исчезнале, а потоа се вратиле по повторното воведување на глутенот – можно е вашиот организам навистина да е пречувствителен на глутен.
Имајќи предвид дека целијакијата или пречувствителноста на глутен тешко се препознава, бидејќи симптомите на овие состојби често се преклопуваат со други болести, токму ваквиот елиминаторски тест би можел да помогне при донесувањето на правилна и правовременска дијагноза.
10 симптоми на пречувствителност на глутен и целијакија:
1. Постојано чувство на подуеност и гасови.
2. Болки во стомакот
3. Хроничен пролив или хроничен запек
4. Мачнина и повраќање
5. Бледа столица
6. Чувство на замор по оброк кој содржи глутен
7. Хроничен замор
8. Болни и воспалени зглобови (посебно прстите, колената и колковите)
9. Промени на расположението проследени со чувство на анксиозност и депресија
10. Невролошки проблеми како вртоглавица и чести главоболки.

Останати вести