Отишол на роденден – го изел крокодил!

Гостин на една роденденска прослава во близина на Дарвин станал оброк на крокодил долг пет метра!

Човекот отишол на прослава на 30-от роденден на својот пријател вo неделата.
За жал, сега веќе починатиот човек со уште едно лице ја препливале реката, а крокодилот го нападнал кога се враќале назад.
– Неколку луѓе кои биле на прославата гледале како човекот исчезнува во вилиците на крокодилот, а потоа животното се нурнало во водата – рекол припадник на локалната полиција кој додал дека „реката Мери е позната по најголемата популација на големи, возрасни крокодили на светот, и оти не се плива во таква река”.
Гледањето крокодили е туристичка атракција во Австралија, но посетителите се предупредуваат никако да не влегуваат во вода, за да не им послужат како храна на животните.

Останати вести