Го плукаа и навредуваа газадата на Хофенхајм а тој сега ќе обезбеди вакцина против коронавирус!

Сопственикот на фудбалскиот клуб од Хофенхајм, Дитмар Хоп, пред две недели дена беше мета на навивачите ширум Германија, кои го плукаа и го навредуваа, а тој сега ќе обезбеди вакцина против коронавирусот.

Пред две недели, на дуелот помеѓу Хофенхајм и Баерн се случи голем скандал, мечот два пати беше прекинуван откако гостинските навивачи го навредуваат сопственикот на домаќините Дитмар Хоп. Во последните 15 минути од мечот немаше фудбал, фудбалерите само си ја подаваа топката во знак на подршка. Тој викенд на уште неколку терени имаше слични инциденти, навивачите го плукаа милијардерот.
Газдата на Хофенхајм сега повторно е во фокусот на јавноста, бидејќи една од компаниите во која е инвеститор ќе обезбеди вакцина против коронавирус.
Се работи за компанијата “КјурВак” (CureVac) со седиште во Тибинген и преставништа во Франкфурт и Бостон.
Претседателот на САД, Доналд Трамп веќе понудил една милјарда долари за да ја купи вакцината и да има екслузивно право, односно таа да може да се употребува само во САД.
Владата на Германија веднаш се побуни, исто како и Дитмар Хоп, кој порача дека вакцината треба да биде достапна за сите луѓе ширум светот.

Зошто Трамп не сака никој друг да има вакцина?
Германските медиуми на големо пишуваат дека Трамп се обидел да ја убеди компанијата „КјурВак” да го премести својот истражувачки оддел во САД и да развие вакцина ексклузивно за САД.
Германското министерство за здравство ја потврди информацијата и соопшти дека единствениот интерес на Берлин е развивањето на вакцина против новиот коронавирус да се одвива и во Германија и во Европа.
Информацијата исто така ја потврди и минстерот за внатрешни работи Хорст Зихофер, кој соопшти дека за тоа ќе дискутира и кризниот тим.
За разлика од нив американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, ги негираше наводите на германските медиуми.
Минатата недела извршниот директор на „КјурВак”, Даниел Меничела, заедно со повеќе претставници на фармацевтски компании присуствувал на состанок во Белата куќа, со претседателот Трамп, потпретседателот Мајк Пенс и членови на претседателската работна група, на кој се разговарало за напредокот во развојот на вакцина против вирусот. Одржувањето нa состанокот го потврди и компанијата „КјурВак”, но во соопштението рече дека Меничела само информирал за напредокот во развојот на вакцината и надежите дека таа може да биде подготвена за широка употреба на почетокот на летото.
Информациите дека Вашингтон се обидел да добие ексклузивно право врз вакцината предизвика гневни реакции во германската јавност која побара од владата да стори се за да ги спречи САД да добијат контрола врз вакцинaта против Ковид-19.

Останати вести