Го прелета светот во балон за 11 дена: Беше застрашувачки и осамено

Федор Конјуков постави нов светски рекорд на 65 годишна возраст. За 11 дена го прелетал целиот свет со балон, поминал 34 илјади километри, летал со 241км/час, а постигнал висина од 10.000 метри.

Неговата авантура започна од Австралија, а тука и заврши. Откако слетал, повеќе го интересирало кога ќе се истушира, отколку неговото постигнување. Тој преживеал невреме над Арктичкиот круг, каде што температурите се -50°С, а и греењето престанало да му работи на два дена пред завршувањето на патувањето.
Во еден текст кој го напишал на неговиот блог вели дека било застрашувачки и осамено да е далеку од цивилизацијата. Единствено што гледал биле густите слоеви облаци и мрачниот хоризонт.

Останати вести