Наградата „Гоцева мисла“ за Тања Попова и за Звонко Танески

Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла” им се доделува на Тања Попова од Бугарија и Звонко Танески од Македонија. 

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”, а досегашни добитници беа Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија) и Даниела Костадиновиќ (Србија).
Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев и неговата знаменита мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”.
Тања Попова наградата ја добива за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство, посебно со нејзините бројни преводи на дела од македонски автори на бугарски јазик.
Додека, пак, д-р Звонко Танески, наградата ја добива за бројните преводи на македонски автори и книги на словачки јазик. Танески сега живее и работи во Словачка и е огромен и значаен неговиот ангажман и придонес на овој план.

Останати вести