Минатиот петок, на 29 март во просториите на библиотеката на Литературното друштво „Григор Прличев” се одбележа 41 годишницата од постоењето на истото.
На средбата присуствуваа повеќе членови како и отец Наум Деспотовски кој повеќе години членува и соработува со Друштвото.
На средбата се прогласија и делата кои беа наградени со Прличева награда од традиционалниот конкурс што се организира за последните 41 година. За конкурсот пристигнаа над 30 дела од сите жанрови. Целта на конкурсот е да ги поттикне љубителите на пишаниот збор да творат и го негуваат македонскиот јазик.
Жири комисијата во состав Силвана Трајковска (претседател), Мери Петковска и Бојана Ристевска-Јанкуловска ја донесе следната одлука:
Песна за возрасни:
1 награда: „Земја страдалница” од Гордана Димовска
2 награда: „Македонскиот јазик и писменоста” од Љубица Поповска
3 награда: „Среќа” од Дијана Пупалевска-Мицалевска
3 награда: „Тодор Проески” од Наум Пауноски
Песна за деца:
1 награда: „Зимска бајка” од Љубица Поповска
2 награда: „Кукличка” од Гордана Димовска
3 награда: „Желба” од Наум Пауноски
Расказ за возрасни:
2 награда: „Судбина” од Гордана Димовска
3 награда: „Враќање на воинот” од Гордана Димовска
Расказ за деца:
2 награда: „Драгиот учител” од Гордана Димовска