Голд Кост привлече холивудски продукции

Се очекува прајминистерот Скот Морисон да најави две големи филмски продукции кои ќе се снимаат на Голд Кост – Годзила против Конг и Reef Break серија на Дизни.

Илјадници Австралијци ќе имаат можност да работат на час а предпродукцијата ќе почне на Голд Кост, овој месец. На локалната економија ова ќе и донесе дополнителни $100 милиони.
Даночните олеснување во вредност од $140 милиони во годинешниот државен буџет очигледно ја привлекоа филмската индустрија во Австралија, што на крај двојно ќе ги зголеми постоечките попусти на филмовите – на 30 отсто. Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашук изјави оти е воодушевена што федералната влада ќе обезбеди пари за да се зајакне индустријата.
„Ги посетив филмските студија во САД, во февруари и јуни, и навистина е одлично да се види како федералната влада одговара и учествува со свој придонес. Нашата понуда со месеци стоеше на маса и конечно сите системи добија зелено светло, филмската индустрија значи долгорочно сигурни работни места.”

Останати вести