Голем бунт во затворот Голбурн, предводен со извикот Алах

Најголемиот бунт во затвор во изминативе десетина година се случи во сабота во затворот Голбурн.

Со извикање “Алах Акбар”, затворениците вооружени со шипки и други остри предмети ги нападнаа чуварите и пробаа да излезат од затворот, кој важи за најстрогите во НЈВ.
Чуварите со полна опрема и гас ги совладале затворениците, а затворот е целосно затворен за јавноста. Во Голбурн се наоѓа Мохамед Али Еломар кој служи 21 година затворска казна за неговата улога во 2005 година за обид за тероризам на Австралиско тло.
Од управата на затворот потврдија дека се користени хемиски средства против затворениците кои направиле штета но ги одрекува известувањата дека било мотивирано од религија.
Сепак од минатиот петок забранети се верските служби, после известувањата од медијата дека муслиманските молитви се користат за испраќање на шифрирани пораки помеѓу затворениците.

Останати вести