Голем собир на Македонците во Канбера и во Сиднеј под мотото „Ние сме Македонија“

Во Австралија и во светот се организираат мирни протести во одбрана на нашите човекови права и за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и државност.

Ги известуваме сите МАКЕДОНЦИ и МАКЕДОНКИ ширум Австралија дека во недела, на 18-ти февруари 2018 година, ќе се одржи масовен народен собир, во знак на протест, пред Амбасадата на Република Македонија во Канбера, со почеток во 12 часот.
Овој семакедонски народен собир под мотото „НИЕ сме Македонија”, е во знак на солидарност со нашите браќа и сестри во Македонија, како и да го искажеме нашиот револт за незаконските преговори за нашето уставно име, Република Македонија, како,и тоа дека сме против нападите врз нашиот идентитет, јазик и нашата богата македонска култура и историја.
Се покануваат сите македонски друштва и организации и поединци – патриоти, во што поголем број да присуствуваат на овие протестни собири.
Автобуси ќе се организираат од Сиднеј (Sydney) и Волонгонг(Wollongong). За повеќе информации, можете да се јавите кај преставници од македонските организации, македонските радио програми или да се информирате преку социјалните мрежи.
Во недела, на 4ти март 2018 година, ќе се одржи масовен протест во центарот на Сиднеј, под Мотото „Ние сме Македонија”. Наскоро ќе бидат соопштени повеќе информации за собирот на МАКЕДОНЦИТЕ во Сиднеј.
На истиот ден ќе се одржат повеќе протести низ Австралија, Америка, Канада, Нов Зеланд и Европа, во знак на солидарност и македонско национално единство.
Сите луѓе кои што имаат крв македонска, заедно со сите оние што ја сакаат Македонија, треба да бидат на овие протести и да станат дел од оваа глобална иницијатива во одбрана на нашите човекови права, на нашето македонско име, нашиот македонски идентитет и јазик.

Од работната група
„Ние сме Македонија”

Останати вести