Минатиот петок во црковниот храм „Света Петка” во Рогдаел дојдоа многу верници да го прослават големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, наречена Голема Богородица.
Дојдоа да се помолат и да запалат свеќа пред Мајката Божја за здравје, среќа и бериќет.
Оваа година храмот беше преполн и просториите беа претесни да ги соберат лојалните верници. Свештеникот протоереј Рубин Бојчески одржа свечена литургија.
После службата управниот одбор на Ѓаваштанската асоцијација приреди ручек во долната сала.
Т. Кабровски



