Одбележан големиот христијански празник света голема богородица

Минатата сабота на 24/8/2013 година во свечената украсена сала на фудбалскиот клуб “Рокдаел Илинден” во Когра, македонската асоцојација Ѓавато, Кажани и Доленци на најсвечен начин го прослави големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, наречена Голема Богородица. Оваа родилка на нашиот спасител Исус Христос велат во црквата го зазема второто место во историјата на човештвото.

 

Со нејзиното доаѓање на земјата се сменил односот на човекот кон човека, на човекот кон Бога. Започнала ера на почитување на жената. Присутните гости кои до последно место ја исполнија салата ги поздрави претседателот на асоцијацијата господинот Борис Буџевски и тој рече: Чест ми е да ве поздравам, а во исто време би сакал да го изразам и своето задоволство што се одзвавте на нашата покана да присуствувате оваа вечер. Свештеникот Љупчо Двојаковски ја благослови вечерата и кажа неколку збора за значењето на овој Голем празник.

Посебен белег на таа вечер даде нашиот Македонец-Ѓорѓи гајдаџијата од село Тепавци, битолско, придружуван од ВИС “Орбити”. Се играше и пееше до раните утрински часови. А за вкусните јадења се погрижи долгогодишната пријателка на асоцијацијата Милева и Никола  Димовски “Битола катеринг”. Честитки до управниот одбор, а посебно до претседателот Борис Буџевски за извонредната организација и за богатата лотарија.

Тоде Кабровски

Останати вести