Еден Австралиец е прогласен за виновен за регрутирањње шест мажи во редовите на Исламската држава (ИС) на Блискиот исток.
Hamdi Al Qudsi (42) е обвинет дека помагал во праќање седум млади австралици, од кои двајца загинале во борбите во Сирија. Al Qudsi е првиот кој е обвинет според новиот закон, чија цел е да се сопре регрутирањето на Австралијци во редовите на Исламската држава. Според овој закон од 2014 година, можат да се добијат и до десет години затвор за прекуокеански патувања во забранети подрачја, во која влегува и покраината Рака во Сирија, клучното стратешко упориште на милитантите на Исламската држава. Поротата на Врховниот суд на Нов Јужен Велс во предградие на Сиднеј го прогласи Al Qudsi за виновен за давање услуга со намера да се поддржат непријателските дела во Сирија, направено меѓу јуни и ноември 2013 година. Се верувам дека шесторицата мажи, Tyler Casey, Caner Temel, Mehmet Biber, Nassim Elbahsa, Muhammad Abdul-Karim Musleh и маж познат како Abu Alim, со негова помош влегле во Сирија. Casey и Temel се убиени во Сирија, а Musleh и Biber се вратиле во Австралија. Останатите се спречени да ја напуштат земјата, уапсени се на аеродром. Стотици луѓе отпатувале од Австралија за Сирија, за да се борат за милитантните групи како што Исламската држава, изјави австралискиот министер за имиграција.