Големите настани одложени или откажани поради вирусот

Сите големи спортски, музички и други настани се откажани или се одвиваат затворени за публиката поради епидемијата на коронавирусот во Австралија.

Владата воведе стриктни мерки за контрола на брзината со која се развива епидемијата на коронавирусот.
– Сите лица кои ќе допатуваат во Австралија од неделата на полноќ мораат да одат во самоизолација на 14 денови.
– На бродовите што доаѓаат од странство им се забранува укотвување во австралиските пристаништа во следните 30 денови.
– Се забрануваат непотребните собирања на над 500 лица на отворени и 100 луге во затворен простор, оваа одлука е донесена на 16 март 2020 година, но забраната не се однесува на работните места, училишта, факултети, супермаркети или јавен превоз.
– Државата преку рекламна кампања апелира до граѓаните почесто да ги мијат рацете, да ја покриваат устата кога кашлаат или киваат, веднаш да ги фрлат искористените хартиени марамчиња и да избегнуваат контакт со лица ако тие не се чувствуваат добро.

Настани на кои се однесуваат овие мерки
– Откажан е Vivid Sydney Light Festival
– Откажан е Sydney’s Royal Easter Show
– Прославата на Св. Патрик во Сиднеј, Аделаид, Перт и Бризбен е откажана
– Откажан е Melbourne International Comedy Festival
– Откажанa e хуманитарната акција Comedy Steps Up for Bushfire Relief во Сиднејската опера
– Download festival која требаше да се одржи во Мелбурн и Сиднеј е откажан откога групата “My Chemical Romance” го откажа своето учеството поради страв од коронавирус
– Откажани се настаните планирани во рамки на Melbourne Fashion Festival
– Судењата пред порота во Викторија и Нов Јужен Велс се одложени
– Одложени се трибините на Кралската комисија за истрага на насилство, запоставување и искористување луѓе со инвалидитет во Северната Територија
– Сведочењето на Кралската комисија за истраги на квалитетот и безбедноста и грижата за стари лица во Аделаид ќе бидат затворени за јавност
– Откажан е 2020 World Science Festival во Бризбен
– Откажан е South Australia’s Port Fringe Street Party
– Melbourne International Flower and Garden Show исто така е откажан
– Tasmania’s Dark Mofo 2020 e oткажан
– Откажана е националната турнеја на Jimmy Eat World 2020
– Трката на Формула 1 Australian Grand Prix и Supercars во Мелбурн се откажани
– Еднодневното меѓународно натпреварување меѓу Австралија и Нов Зеланд е откажано по натпреварот кој се одигра во петокот, поради задолжителен двонеделен карантин воведен во Нов Зеланд за оние кои доаѓаат од странство
– Завршното коло на натпреварувањето Sheffield Shield Cricket е откажано, за финалето треба да се донесе одлука
– Натпреварите на NRL ќе се одржат без публика во текот на следните две недели, со NZ Warriors во северен Нов Јужен Велс
– Super Rugby по натпреварот кој ќе се одржи минатиот викенд прави пауза
– Новата сезона на AFL започна, но ќе се игра без публика
– Откажан е 2020 Championship Tour на светската Surf лига на Златниот брег
– Откажано е и натпреварувањето 2020 Surf Life Saving Championship
– Одбележување на денот на ANZAC и поворката на 25 април
– Сопрена е продажбата на карти за Фестивалот на опасни идеи во Сиднеј
– Нема да се одржи Brisbane Comedy Festival
– Ќе се продолжат завршните напреварите од А- лигата, а тимот на Велингтон Феникс ќе мора до крај да ја одигра својата сезона останувајќи во Австралија

Останати вести