Михаил Горбачов во списанието Тајм пишува дека критикуваните политичари ги откинуваат парите за социјалните потреби и наместо за нив, ги трошат за подморници што имаат капацитет да разнесат половина континент.
„Политичарите и воените лидери звучат сè повоинствено, а одбранбените доктрини сè поопасно”, пишува тој. „Коментаторите и ТВ-личностите се приклучуваат во воинствениот хор. Сето тоа изгледа како светот да се подготвува за војна.”
Минатиот месец Горбачов даде големо интервју за Асошиетед прес, при што изрази оптимизам во врска со руско-американските односи за време на претседателството на Трамп.
Горбачов, 85, изјави дека е изненаден од победата на Трамп, но одби да даде процена за новоизбраниот претседател. Тој рече дека останува да се види какви политики ќе турка новата администрација на САД.
„Тој има мало политичко искуство, но можеби тоа е добро”, рече тој.
Горбачов го пофали поранешниот претседател Обама, но го осуди она што тој го опиша како погрешна политика кон Русија од страна на САД и нејзините сојузници и за време на неговиот мандат и сега.
„Тие ѝ додеваат на Русија со обвинувања и ја обвинуваат за сè”, рече Горбачов. „А сега има реакција кај Русија. Русија сака да има пријателски односи со Америка, но тоа е тешко кога Русија гледа дека е измамена.”