Гордо Mакедонијо

Од петокот до неделата во Канбера се одржуваше Националниот Мултикултурен Фестивал. Оваа година воедно се одбележуваше и 20 годишнината на настанот, кој е познат по својата разнобојност, музика, храна и игра. 

Целта на фестивалот е да се прослави уникатното културно наследство што сите го донесуваат во мултикултурна Австралија. Во Канбера живеат луѓе од преку 170 разновидни култури, од африканското село, кинеските градови, Пацифичките острови, Индија и Латинскиот дел, имаше се од сите континенти, култури и кујни.
Се разбира тука беа и нашите играорци од КУД Разиграна Македонка од Квинбијан и МКУД Илинден од Рокдаел кои гордо ја прикажаа македонската култура и традиција.
Исто така имаше на фестивалот и можност да се проба макеоднската кујна, кебапи, тулумби, баклава. Потоа ма­кедонско пиво, сокови итн.

Останати вести