Гореше во близина на Канбера

Неколку јужни предградија на австралискиот главен град беа предупредени за „вонредна состојба” поради огнот вон контрола што гореше во близина на националниот парк Намаџи.

Пожарникарите ги замолија жителите на Тарва, како и на Бобојан, Топ Нас и Аполо Роудс (во јужниот дел на Канбера) „веднаш да побараат засолниште”.
– Сега е предоцна да заминете. Ако не сте во областа, не се враќајте, се вели во предупредувањето од Агенцијата за итни служби на територијата на главниот град на Австралија (АСТ).
Пет други јужни предградија исто така беа предупредени внимателно да ги следат состојбите.
Владината агенција соопшти дека големината на пожарот е 4.646 хектари и продолжува да гори вон контрола со 400 хектари на час, и покрај стотиците пожарникари кои се обидуваат да го совладаат.
На цела територија на Нов Јужен Велс сè уште горат повеќе од 55 пожари. За викендов се прогнозираат високи температури што ја зголемува опасноста од пожари.

Останати вести