Господинов, лауреат на “Прозарт“: литературата треба да застане на страната на губитниците

Писателот од Бугарија ја доби наградата „Прозарт“ за придонес кон развитојот на балканската литература

„За мене е голема радост што ја добивам оваа награда, што ја добивам овде, во една блиска држава, меѓу такви писатели и луѓе од литературата на различни јазици”, рече писателот Георги Господинов од Бугарија на свеченоста во Даут-пашин амам по добивањето на наградата „Прозарт” за придонес кон развитокот на балканската литература на одржаниот фестивал „Про-за Балкан”.

Наградата му ја врачи македонскиот писател Александар Прокопиев.
„Ако прифатиме дека историјата ја пишуваат победниците, тогаш победените, губитниците, ги раскажуваат приказните. Верувам дека литературата треба да застане на страната на губитниците. Како писател се обидувам да ги раскажувам токму тие кратки, мали, лични приказни на оние што живеат овде. И знам дека раскажувањето приказни, како приказните на баба ми и дедо ми, се нешто многу специфично за овие места. И понекогаш се единствениот начин за одложување на крајот. Единствен начин за да си обезбедиме уште еден ден живот, онака како што тоа го прави Шехерезада”, рече меѓу другото Господинов, нагласувајќи дека од сите рецензии и награди што ги добил, најдраги му се два реда напишани од непозната возрасна жена, испратени од болницата каде што го прочитала неговиот роман „Физика на тагата”. Реченицата гласела: „Читав и почувствував дека уште ми се живее”.

Останати вести