Градоначалничката на Кејптаун, Патриција де Лил соопшти дека градот има резерви на вода за пиење уште за само 50 дена доколку жителите во меѓувреме не ја намалат потрошувачката на вода.
Од тие причини во Кејптаун е воведено ограничување на потрошувачката на вода од 87 литри вода на ден по жител.
Граѓаните се советуваат туширањето да го намалат на две минути, да го ограничат користењето на машините за перење и да рециклираат вода од бањата и секако да не ги наводнуваат своите градини.
Оваа криза за вода е последица на тригодишната суша и намалените врнежи во комбинација со се поголемата населеност.
Кејптаун од Јужноафриканската Република е првиот голем град во светот кој ќе остане без резерви на вода за пиење.