Градоначалникот на Солун ги скандализираше Грците

“Не ми е гајле кој кого колел, Турците се добредојдени во родниот град на Ататурк”. Ова го изјавил контроверзниот во ставовите и успешен градоначалник во Грција, Јанис Бутарис.

“Грција е последниот советски тип на општество и економија”, рекол градоначалникот на Солун, објаснувајќи дека многу граѓани не очекуваат ништо од државата, а ја избегнуваат и индивидуалната одговорност.
Бутарис додал дека Солун ги отворил вратите за Турците, бидејќи тоа е родното место на основачот на турската демократија, Кемал Ататурк а куќата каде што тој е роден сега е музеј кој се посетува од илјадници Турци секоја година.
“Не ми е гајле ако некои во Грција се бунат и велат дека Турците колеле Грци и сето тоа”, рекол градоначалникот во однос на реакциите против неговата позиција околу ова прашањето.

Останати вести