Грците одржа митинг со слаб одзив во неделата, на 25 февруари, пред Грчкиот конзулат во Мелбурн. На него во огромно мнозинство беа старци и личеше повеќе на анемичен пензионерски собир.
Се повторуваа излитените фрази во кои се негира постоењето на Македонскиот идентитет, и се извикуваа погрдни извици “бугари” или “славјани”.
Протестот, организиран од Пан-македоники на Мелбурн и Викторија, се одржа како што преговорите меѓу Грција и Македонија се интензивираат околу компромисно решение за спорот со името.
Првиот ваков собир беше во јануари, организиран преку Фејсбук од група наречена „Македонија е грчка – Група за човекови права” – присуствуваа неколку стотици луѓе и нападнаа Македонци кои од страна го следеа протестот, по што интервенираше полицијата.

