А кога Грците палат туѓи знамиња?

Тековниот спор меѓу грчката и македонската заедница во Австралија по долги години тлеење повторно излезе на површина. Грците направија две високо гнасни демонстрации исполнети со говор на омраза, на кои не навредуваа со изливи на расизам и фашизам.

Впрочем како да се премолчи фактот дека не смеат да не нарекуваат “Бугари”, “Славмакедонци”, “Фиромјани”… а намерно и упорно го прават тоа.
„Неос Космос”, весник на грчката дијаспора во Мелбурн, бомбастично најавува со цмиз­дрење дека ќе бараат правда на суд во врска со протестите на, како што погрдно не нарекуваат „австралиски ФИРОМјани” и “СлавјанскиМакедонци”, бидејќи сме го навредувале хеленизмот и биле запалени неколку грчки знамиња на протестот во Мелбурн. Се вели дека Австралискиот институт за македонски студии (Australian Institute of Macedonian Studies – AIMS) ќе поднесе тужба против организаторите на “анти-грчкиот митинг” што се одржа предминатата недела.
Според AIMS, организаторите на митингот биле одговорни за поттикнување националистичка и расна омраза против хеленизмот; за негување омраза и навреди кон Грците и нивните национални симболи, вклучувајќи го и грчкото знаме. Забеганоста оди дотаму што се наведува дека бил прекршен договорот во ОН, кој велел дека не смело да го користиме античкиот симбол на Македонското кралство – сонцето од Кутлеш. Навистина AIMS на чело со професорот Анастасиос Тамис живеат во некој паралелен свет, надвор од овој универзум. На своите поодминати години треба да знае дека ниту никој од нас на демонстрацијата не потпишал таков договор ниту може да ни кажува какво знаме ќе вееме. Договорот на кој се повикува е помеѓу Првата и Втората страна. Австралија никаде не е спомната.
Професорот потоа во изјавата вели дека сме ја злоупотребувале мултикултурата и сме недораснати, а бисерот на денот е дека повеќето од присутните воопшто и не биле од “Македонославија” (ова е нова навреда за која треба контра-тужба за AIMS), туку се поранешни грчки државјани кои биле “Бугаро–Славјани” и во граѓанската војна во Грција биле приморани да си заминат!? Да имал барем малку информација од теренот на оваа демонстрација квази “професорот” Тамис би имал подобра претстава дека премногу е произволен и неточен. Вакво нешто изгледа како да е напишано од некој што всушност потекнува од нашиот македонски сој, ама со сите сили се труди да го затрупа зад себе тоа.
Нема ни да навлегувам во глупоста која ни се сервира како уште еден од наведените “факти”: дека наводно економијата на Република Македонија зависела од Грција, дека грчките бизниси во Скопје и Битола овозможуваат 60% од БДП!?
Но мораме да реагираме дека наводно „на Грците не им е непознато палењето туѓи знамиња” и навредување на нечие достоинство а колку за пример токму минатава недела десничарски демонстранти запалија турско знаме за време на протест во Атина. Исто така ги гореа и германското и знамињата на САД и ЕУ. Го гореа и македонското државно знаме на последните митинзи во Солун и Атина. Но се разбира тогаш тоа не се брои бидејќи е од “лулката на демократијата”, тие измислиле се и треба да сме им благодарни. Фашизоидните поединци, што го негираат нашето постоење, ни даваат погрдни имиња и сакаат да ни бидат кумови, се уплашени од силниот одзив на Македонците во Австралија кои не само што не се спремни понизно да им ќутат и да го поднесуваат нивното нечовечко изживување. Се поголеми се симпатиите и увидувањата од политичарите дека сме дискриминирани. Ние како заедница немаме никаква финансиска помош од матичната држава ниту имаме свои политичари како Грците во политичките текови на Австралија, но затоа ја имаме правдата и вистината на наша страна и ќе продолжиме до финалната победа.

Останати вести