Грчки весник со карта за поделба на Македонија на насловна страна

„Решение е една граница со Србија” – грчкиот весник “Елефтери ОРА” во неделното издание од 21 јануари на насловната страница објави мапа за поделба на Македонија меѓу Албанија, Грција, Србија и Бугарија.

Овој грчки весник важи за близок близок до Грчката православна црква и десничарските екстремистички партии. Покрај илустрацијата стои грчката химна за Македонија: “Ој славна Македонијо, земја на Александар, ти ги прогони варварите и сега си слободна. Ти си и ќе бидеш грчка, најголемата гордост на секој Грк, а ние грчките деца венец ти плетеме…”
Објавувањето на таква карта придружена со идејата за поделба на Македонија во пресрет на грчко-македонските разговори за решавање на името, зачленувањето во НАТО и долгоочекуваниот состанок Заев-Ципрас е сериозна провокација за мирот во Балканот.

Останати вести