38 години литературно друштво „Григор Прличев“ во Австралија

На 31 март се навршија 38 години од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев” од Сиднеј.

По повод својот јубилеј Извршниот одбор на Друштвото изнесе работен план за претстојните две години со цел да се прослави во 2018 година 40 годишницата од постоењето. Се планира покрај издавањето на повеќе наслови од членовите да се издадат книгите: Монографија за Друштвото; Архивот на Друштвото како и Антологија со поезија од своите членови.
На седницата исто така се усвоија предлозите за прогласување на нови почесни членови и дописни членови кои активно го помагале Друштвото во еден подолг период. За почесни членови се прогласија: Раде Силјан, истакнат поет, книжевен критичар, преведувач и долгогодишен издавач; Панде Маној­лов, истакнат поет, прозаист, критичар и новинар; Фиданка Танаскова, истакната новинарка и писателка.
За дописни членови, кои активно го промовираат Дру­штвото за последните пет години, се прогласија:
Игор Павловски од Мелбурн; Наум Трајчески од Квинбијан; Гроздан Јовановски од Њукастел (сите од Австралија), потоа Радојка Трајанова од Скопје (Македонија); Лилјана Стоилковска – Андовска од Малме (Шведска); Саво Кос­тадиновски од Келн (Германија); Милица Паулус од Минхен (Германија); Елизабета Петровска од Загреб (Хрватска); Ристо Стефов од Онтарио (Канада); Алексо Лозановски од Торонто (Канада); Михаил Серафиноф од Вашингтон (Америка).

Од Изршниот одбор на МЛД „Григор Прличев”
Сиднеј – Австралија

Останати вести