Григори Логвинов, протерувањето на руските дипломати го опиша како примитивна реакција

Рускиот амбасадор во Австралија Григори Логвинов категорично демантираше дека Кремељ има шпиуни во нивното седиште во Канбера.

Министерот за внатрешни работи, Џули Бишоп, се сретна со амбасадорот Григори Логвинов и ја осуди Русија за наводен напад со хемиско оружје на тлото на Велика Британија, кој во критична состојба ги остави поранешниот шпиун и неговата ќерка.
Руската амбасада во Австралија одржа две конференции за печат, на втората која се однесуваше за руските жртви во Првата и Втората Светска војна, Логвинов наводите оти имаат шпиуни во амбасадата ги нарече смешни.
„Амбасадите се состојат од дипломати. Некои од нив, па и нашата се многу мали. Гледано во просек, големината на нашата амбасада е просечна. Имаме и поголеми амбасади, како што е таа во САД, но во моментов и таа амбасада е помала” – рече тој. Ваквиот одговор на рускиот дипломат е алудирање на неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да протера 60 дипломати на Русија, кои во Вашингтон се етикетирани како шпиуни, вклучувајќи седум кои ги протера НАТО.
Логвинов не ја коментираше изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за протерување на двајца службеници, со што се отвараат нови тензии меѓу Русија и западните сојузници.
Но, тој ја искористи приликата да ја осуди Австралија поради учестување во добро оркестрираната кампања за дискредитација на Русија, велејќи дека потегот кој е договорен со над 20 земји да се протераат над 150 службеници, е заснован на површински докази од Велика Британија, а се во користи за американската кампања која има цел да ја декредитира Русија – пишува британскиот Guardian.
„Сите овие анти-руски кампањи ги сметаме за груби и многу примитивни провокации. Сосема е сигурно дека ова не е успешна кампања за така нареченото мешање на Русија во внатрешната политика на САД. Се надевам дека нашите пријатели на запад ќе сфатат оти ваквите кампањи немаат иднина” – додаде тој.
Прајминистерот на Австралија Малколм Турнбул во текот на неделава даде изјава дека наводното користење на хемиско оружје при обид за убиство на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Салисбери на 4 март рефлектираше со шема на агресија на руската влада која мора да се сопре.
„Оваа е несмотреност и агресија на руската влада вклучувајќи ги и анексијацијата на Крим, инвазијата на источна Украина, рушење на МН17, како и сајбер нападите да се манипулираат изборите на западните народи. Постојат веродостојни извештаи дека Русија активно го урнала кредибилитетот на референдумот за Brexit, минатогодишните претседателски избори во Франција и референдумот на Каталонија во Шпанија. Исто така, постоело и влијание на изборите во САД, која важи за една од најстарите и најголемите демократски држави во светот” – рече Малколм Турнбул.
Исто така, шефот на Пентагон изјави дека Русија со труењето сака да го поткопа единствното на западните земји и тоа е шема кон која се држи оваа земја.
Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон ги пофалија потезите на партнерите поради протерувањето на руските дипломати. Американскиот претседател моментално е преокупиран наводно со посетата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, истакнуваат одредени медиуми. Посетата би требало да се случи во еден од неговите престижни хотели кои поседуваат се на едно место, од голф терени до казина. Медиумите дури наведуваат дека постои можност Ким Јонг Ун да го посети Лас Вегас, а сите знаеме дека таму се наоѓаат многубројни казина кои солидно котираат, според порталот Casiono Guru.
Сепак, на крајот на целиот овој случај, рускиот амбасадор оценил дека хемиското труење е многу сериозен инцидент и бара да се спроведе соодветна истрага под покровителство на Конвенцијата за хемиско оружје.
Поранешниот руски агент и неговата ќерка се во животна опасност и според наводите на западните медиуми имаат само 1 отсто шанса да преживеат.

Останати вести