Грипот поопасен од било кога

Грипот и понатаму предизвикува паника, а лекарите отидоа до таму што ги учат граѓаните не само кои се предностите од вакцините, туку и за тоа како треба да киваат.

Имено, се смета, дека начинот на кој Австралијците киваат може сериозно да го поттикне ширењето на смртоносната инфлуенца во земјата. Поради тоа, здравствените експерти панично бараат од луѓето да бидат запознати со „американската метода” – кивање во лакт. Во Нов Јужен Велс, една од државите каде грипот најмногу го има, експертите ги предупредуваат граѓаните да зборават на вообичаената „инфлуенца етикеција” и да киваат во марамчиња или во раце. Австралиското медицинско здружение ја предупредува јавноста да биде свесна за опасноста од грип и потребата за подобро образование за вакцините и хигиената. Професорот Гај Еслик од Универзитетот Сиднеј вели дека Австралијците треба да престанат да киваат на погрешен начин, да го прифатат кивањето во лакт, како што прават Американците.
„Нема доволно кампањи кои ќе ги научат луѓето како правилно да киваат и да одржуваат добра хигиена. Сезонава такви огласи не видов на телевизија” – вели професорот и потсетува дека децата во Бостон „речиси секојдневно” учат да киваат во лакт.
Владата ова треба да го примени во јавното образование. Директор на организацијата која се занимава со хигиена на раце, професор Линда Грејсон, вели дека луѓето мораат да научат како да кашлаат и киваат во лакт, затоа што на овој начин ќе го намалат ширењето на грипот. Тоа треба да биде новиот бонтон. Подобро е отколку да се кива во рака или во мрсуливо марамче, а уште подобро е и да се кива во хартиено марамче и потоа тоа да се фрли, а рацете да се измијат. Но не е добро да се кива директно во рака и потоа нешто да се допира.
Во меѓувреме од Квинсленд стигна информацијата дека десет годишниот Џејсон Гол од Чинчиле се бори за живот од кога се заразил со грип. Неговата мајка го нашла онесвестен на 23 септември и итно е префрлен во болница. Од 27 септември, кога во телото му е најден тромб и белите дробови престанаа да му работат, се наоѓа на апарати на интензивна нега во болница во Бризбејн. Покрај грипот добил воспаление на белите дробови, бактериска инфекција на крвта и инфекција на коските, вели неговата мајка Таша Милар. Претставникот на болницата рече дека момчето е во критична, но стабилна состојба.

Останати вести