Премиерот Никола Груевски, на гала вечерата во организација на “Македонија 2025” во Колумбус (Охајо),
му го врачи Орденот на Република Македонија на Џорџ Буш, 43. претседател на Соединетите Американски Држави, заради, како што истакна, големиот придонес на поранешниот американски претседател во градењето на пријателските односи помеѓу Република Македонија и САД.
Џорџ Буш е одликуван со Орден на РМ, помеѓу другото, и заради тоа што како претседател на САД ја призна Македонија под уставното име. За малку не му успеа да ја зачлени во НАТО.