Тој ги обвини дека странските набљудувачите на изборите не сакаат да ги видат нерегуларностите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во саботата вечерта беше гостин во емисијата “Седмица” на ТВ Алфа и ги коментираше изборите на 15 октомври. По цела една седмица без излгување во јавноста, тој обвини дека партијата за време на предизборниот период и на самиот изборен ден трпела многу притисоци и закани, дека имало поткуп на гласачи од страна на СДСМ, а за резултатот на изборите рече дека најголемата одговорност ја има тој, како лидер на партијата и додаде дека не бега од тоа.
– ВМРО на локалните избори влезе како фаворит. А што се случи потоа? На овие избори се случија две работи. Прво, страшен терор, уцени, закани, заплашување и многу многу поткуп на гласачите од страна на актуелната власт во досега невидени размери. Сево ова се случувало и во минатото на други избори, но во вакви размери, јас не се сеќавам дека имало во Република Македонија. Практично, имавме убиен човек во изборите, кандидат за градоначалник и актелена градоначалник со скршен череп, искршени изборини птабови. Кога се случува сето ова, можете да замислиште што се си помислува обичниот човек. Изборите не доликуваа како да се во АФрика, а камо ли во Европа, рече Груевски.
– Второ, ВМРО-ДПМНЕ беше казнето и беше испратена порака до мене и до раковдството на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ имаше традиционални политики и дел од членството и симпатизерите оценија дека ВМРО-ДПМНЕ изврши отстапување од сопствениот идентитет, кој го градевме речиси 15 години. Идентитет кој се заснова најмногу на заштита на националните и државните интереси и се разбира на градење на проекти за подобар живот на граѓаните. Отстапувањето некои го почувствуаа во првиот дел и многу не излегоа да гласаат, за да го казнат ВМРО-ДПМНЕ и за да испратат порака до мене и до раководството на партијата дека не се задоволни. Всушност, на овие избори ние се обидувавме да им се допаднеме на некои други и тоа не им се допадна на нашите традиционални гласачи. Се обидувавме да им се допаднеме на некои гласачи кои традиционално не гласаат за нас или на некои други фактори гладајќи што се се случи во доближувањето што го направи СДСМ, но кај дел од нашите гласачи тоа не беше добро примено и на некој начин тие одлучија да не казнат и да ни испратат порака, изјави претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во магазинот „Седмица” на ТВ Алфа.
Тој сепак и натаму не се изјасни дали ќе даде оставка за претрпениот пораз на локалните избори.
– По дефиниција одговорноста и во партиите и во спортски тим ја носи првиот човек, но за тоа ќе се дискутира по изборите. Јас не бегам од тоа, секако дека ја имама најголемата одговорност, но за тоа ќе се дискутира по изборите, откако ќе се направи длабинска анализа, внимателно ќе се издискутираат сите аспекти и потоа ќе се постават работите онака како што е најдобро за партијата и за Република Македонија – рече Груевски.
Оценувајќи дека локалните избори се нерегуларни во целост, забележа дека набљудувачите не сакаат да го видат тоа.
– Овие избори се нерегуларни и недемократски, повеќе се африкански но на надворешниот фактор му одговараше да биде така. Слушаа, запишуваа и заминуваа – рече Груевски алудирајќи на амбасадорите и членовите на ОБСЕ кои ги информирал за нерегуларностите.
– Два пати ги викавме ОБСЕ/ОДИХР за да ги известиме за изборните нерегуларности. Од нивното лице се гледаше дека не се дојдени да спречат нешто. Ќе ни се заблагодареа и ќе ни речеа: ви благодариме за вашата точка на гледање. Ги викавме и амбасадорите, ќе не сослушаа и толку. Изгледа некому му требаше СДСМ на власт. За потоа со нив да решаат значајни прашања за нашиот идентитет. Изборите се нелегитимни, но на надворешниот фактор му одговараше да не го види ова – рече Груевски.
Тој додаде дека треба како партија да го зачуваат својот идентитет, а исто така треба да се зачува и идентитетот на Република Македонија.
– Мораме да извлечеме заклучок и да направиме длабинска анализа. Ова е само првична анализа. На овие избори имаше еден видлив поткуп. Активисти на СДСМ одеа од куќа на куќа со полициско возило. Се случувало во минатите години поткуп главно во руралните средини, но ова сега беше во невидени размери, изјави Груевски и додаде:
– СДСМ на овие избори вложила околу 20 милиони евра во поткуп, тие тоа го правеа со помош на полицијата. Поставивме стража во местата каде што очекувавме дека ќе има поткуп. Вршеа поткуп со сума од 50 евра, а на некои места тоа достигнуваше и до 1.000 евра. За ова немаме документирано се, оти, се не може да се документира, но ги имаме изјавите. Не може се да се документира, оти имаше лица кои се исплашени за својот живот, за своето семејство.
Груевски обвини дека имало ситуација во која на дел од лица кои учествувале во нападите од 27 април им било кажувано од страна на СДСМ да не излегуваат да гласаат, па можеби и нема да бидат кривично гонети.
– На овие избори му требаше на некому СДСМ да излезе како победник, иако сите знаеја дека ВМРО-ДПМНЕ е фаворит. Изборите се веќе нелегитимни и ова се најнедемократските избори до сега. Во многу од нив сум учестуввал ама ова беа Африкански избори. Над 100 луѓе беа прислушкувани во изминатиот период. Сега ВМРО-ДПМНЕ е таргет на прислушување. Во УБК отвеорен е предмет под име „Досие”. Ова не е никаде пријавено оти немаме каде да го пријавиме, изјави Груевски.
Нека ме уапсат мене и целото раководство, само нека ги остават на мир граѓаните од 27 април
– Ако сакаат да се пресметуваат со ВМРО-ДПМНЕ, ние сме тука. Мене нека ме уапсат, колку сакаат нека ми дадат години, доживотен затвор ако сакаат нека ми дадат, раководството нека го уапсат, нека не гонат луѓе кои во емоција влегле и грешиле, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во гостувањето на ТВ Алфа.
Тој рече дека во ниту една држава нема пресуда од 4 години затвор за кубење за коса.
– Ние сме за тоа да има правда, но таа казна од четири години е превисока. Зошто ако СДСМ планира да носи Закон за амнестија, да се осудуваат оние кои влегоа на 27 април во Собрание. Убијци на пет деца да се ослободат, а оние кои влегоа понесени од емоции во Собрание да ја заштитат државата, да бидат осудени. Нека ме уапсат мене и нека ми дадат доживотен затвор, но нека не гонат луѓе кои со емоции влегле во Собрание. Сочувствувам со раната која Заев ја имаше на челото, но зошто таа рана да е поголема од раната на оние кои изгубија блиски од семејството? Ослободуваат лица кои убиле деца, ги ослободуваат обвинетите од „Монструм” и најавуваат амнестија за над 1.050 криминалци. Без оглед дали Груевски ќе биде лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Заев нема да го скрши духот на партијата, заклучи Груевски.
ГРУЕВСКИ: Службите сега прислушуваат 100 членови на ВМРО-ДПМНЕ, а немаме каде да пријавиме
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Никола Груевски во специјалното издание на магазинот „Седмица” на ТВ Алфа обвини дека членови на ВМРО-ДПМНЕ се прислушувани во последниот период.
– Во службата е отворено досие „Македонски екстремизам и терористичко”. Службите имаат цел да прислушуваат 100 лица од ВМРО-ДПМНЕ – рече Груевски.
Тој рече дека нема кому да се пожали во врска со ова бидејќи друг владее со службите.
– Нашите информации велат дека тоа го прави МВР. Каде да го пријавиме, кај нив истите? Крајна цел не е само ВМРО и јас, крајна цел е да се сузбие секој самомислечки Македонец, за сакањето на државата да стане демоде, а модерно да биде хомосексуални паради и посвојување деца од хомосексуалци – рече Груевски.