Хајди Клум во креација на Тони Матичевски на Берлинската модна недела

Неодамна се одржа Берлинската модна недела, а на последниот ден, специјална гостинка беше и 47-годишната Германка, Хајди Клум.

Таа уште еднаш зачекори на писта модерна во елегантна бела комбинација и складна маска, и ги потсети сите зошто ја нарекуваат супермодел.
Клум се појави во тренди комбинација која вклучува панталони, сако и корсет со сребрени детали. Со стајлингот беше направена и соодветна маска, а сите се дело на австралискиот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски.
Тој уште пред неколку дена најави дека подготвува нешто за Хајди Клум, а сега еве се гледа и крајниот резултат.

Останати вести