Лице в лице: хака танц на кивите и лекција од ладните Австралијци

Квалитетната репрезентацијата на Австралија очекувано со 71:59 го доби првиот дуел од пресметката со Нов Зеланд во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Рио де Жаниеро кои се на програмата наредната година. 

Австралија пред преполната „Род Лејвер Арена” во Мелбурн славеше благодарение на добрата тимска игра во која Андерсен и Милс постигнаа по 17 поени, а пак Делаведова реализираше 15 поени, 5 скока и 4 асистенции.
Од пресметката на големите ривали од Океанија вреди да се издвои и традиционалниот хака танц на селекцијата на Нов Зеланд која буквално им се втурна во лицата на Австралијците кои целиот овој ритуал на противниците го проследија мирно и спокојно.
Овие дуели се дел од првенството на Океанија, со тоа што победникот ќе се пласира на ОИ во Бразил, додека поразениот ќе има уште една шанса (квалификацикси турнир) за да замине во Рио Де Жанеиро.

Останати вести