Хакирани интернет-страниците на околу 200 фирми

Интернет-страниците на околу 200 мали австралиски компании станаа мета на голем хакерски напад, а на нив се појави повикот: Престанете да ја шпионирате Индонезија!”. Одговорност за нападот презеде хакерската група Анонимни Индонезија. Минатата недела австралиските медиуми објавија дека според анонимни извори и документите објавени од поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден, австралиската Управа за радиотехничка одбрана врши електронска шпионажа, користејќи ги како бази дел од своите амбасади. Останува нејасно зошто хакерскиот напад бил насочен кон австралиски приватни фирми, кои не се поврзани со државните структури.

Останати вести