Хамилтон со победа, Ботас втор, катастрофа на Ферари

Се одржа и втората трка во Формула 1 шампионатот. И оваа, како и првата, беше возена во Австрија на патеката „Ред Бул Ринг”.

За разлика од минатата, кога триумфираше неговиот тимски колега Валтери Ботас, сега прв преку целта помина Луис Хамилтон. Инаку интересно е тоа што Ботас имаше водство во првиот дел од трката, но Британецот потоа го помина и го задржа првото место до крај.
Верстапен, пак, кој цело време беше втор, на крајот беше претркан од Ботас на четири круга пред крајот и заврши како третопласиран.
Најголемата катастрофа се случи на двата болида на “Ферари”. Чарлс Леклерк и Себастијан Фетел мораа да се откажат уште после три кривини затоа што Леклерк се судри со Фетел, по што и двата болида мораа да ја завршат трката.

Останати вести