Хансон нема да го поддржиме владиниот план за намалување на даноците

Полин Хансон, лидерката на партијата One Nation изјави дека нема да ги поддржи плановите на прајминистерот Скот Морисон за намалување на данокот.
Шефицата на партијата One Nation, која ги држи двата клучни гласови во Сенатот, вели оти има многу поважни теми кои треба да се финансираат. Нејзината опозиција на владата ќе и го отежни носењето на даночниот план во целост.

Лабуристите дадоа поддршка на првата фаза за оние кои имаат ниски до средни примања, но во овој момент на лидерите не ми се допаѓа последниот дел од планот со кои би се намалиле даночните стапки до 2024 година, а според кои најголема корист ќе имаат оние кои имаат високи примања. Владата изјави дека не сака да го дели предложениот пакет даночни мерки.
Доколку не успее да ја добие поддршката на лабуристите, на владата ќе и биде потребна поддршка од шестте независни пратеници бидејќи Зелените исто така се противат на предложениот пакет даночни закони.
Но, друг независен двоец, Centre Alliance, има сличен став како и лабуристите и се загрижени оти со омекнување на економијата земјата би можела да дојде во позицијата да не може да го подмири спроведувањето на подоцнешните делови на планот без укинување на неопходни услуги.

Останати вести