Хаос за закажување на вакцината “Фајзер“ во Мелбурн

Жителите на Викторија кои брзаат да добијат вакцина против ковид-19 се соочија со фрустрирачки одложувања на телефонските системи за резервации и долги редови во центрите за вакцинација.

Редици долги стотици метри во петокот наутро имаше околу зградата за вакцинација.
Луѓето над 40 години сега имаат право да ја добијат вакцината на “Фајзер”, но мора пред тоа да направат резервација.
Но, тука проблем е што оние кога се јавуваат на телефонската линија се предупредуваат на долги времиња на чекање, добиваат зафатен тон или едноставно се откачуваат од автоматскиот компјутерски систем по долго чекање.
Телефонската линија во четвртокот прими повеќе од 77.000 повици за само 15 минути. Властите ги повикаа луѓето да издржат и да бидат стрпливи.
– Ако сте еден од оние десетици илјади викторијци кои се јавуваат во исто време, ве молам, евентуално ако би можеле да се јавите подоцна, рече заменик-главниот здравствен директор, професорот Бен Кауви.
– Ние се обврзуваме да ги вакцинираме сите во Викторија што сакаат во наредните недели и нашите здравствени услуги продолжуваат да ја прошируваат работната сила за вакцинација.
Вршителот на должноста премиер, Џејмс Мерлино, кој има 48 години, ја прими вакцината “Фајзер” откако во четвртокот се објави дека секој на возраст од 40 до 49 години ќе може да добие вакцина.
Г-дин Мерлино рече дека се надева оти неговата вакцинација ќе испрати „силна порака” до заклучените викторијци и ќе обезбеди јавна подршка на кампањата за вакцинација.
– Со оглед на тоа што сум во таа возрасна категорија, ќе се вакцинирам денес (петок) и ќе испратам силна порака дека веднаш штом имате право, закажете си термин и вакцинирајте се, рече тој.
– Ова е нашиот најдобар и најбрз излез од оваа пандемија. Само со заедничка работа ќе ја победиме последнава епидемија.

Може да бирате дали да се вакцинирате
Вакцинирањето во Австралија е на доброволна основа и може да изберете дали сакате да се вакцинирате против КОВИД-19.
Ако изберете да не се вакцинирате против КОВИД-19, тоа нема да влијае на правото на вашето семејство на Family Tax Benefit Part A или на помошта во врска со трошоците за детска нега.
Во иднина вакцинацијата против КОВИД-19 може да стане услов за патување во странство или за работа на некои високоризични работни места, како што е негата на стари лица. Ако тоа стане случај, ќе има исклучоци за луѓето кои не можат да бидат вакцинирани поради медицински состојби.

Зошто треба да се вакцинирате
Вакцинацијата против коронавирусот:
 го намалува ризикот да заболите од КОВИД-19
 ве заштитува да не станете многу болни ако добиете КОВИД-19
 помага да бидат заштитени вашите пријатели, семејството и заедницата.
Ако мнозинството луѓе се вакцинираат вирусот нема да може да се шири толку лесно. Тоа исто така ги заштитува луѓето кои не можат да бидат вакцинирани.

Останати вести