Српските медиуми: Хашим Тачи тајно прави косовска војска

Среде клучната фаза од дијалогот со Белград и без дозвола од косовските Срби, Хашим Тачи и Иса Мустафа решиле да формираат своја војска, пишува српски Блиц.

Војската би настанала од Безбедносните сили на Косово (БСК) кои сега се надлежни за цивилната заштита и немаат тешко вооружување.
„Косово ќе има свои оружени сили и за тоа ја имаме поддршката од НАТО”, изјави косовскиот шеф на дипломатијата Хашим Тачи.
Тој и косовскиот премиер Иса Мустафа подготвиле таен план за трансформација на БСК во војска со измена на постојните закони, за што е потребно само просто мнозинство во парламентот. Тоа е начин да се одминат српските пратеници, бидејќи за формирање војска преку менување на уставот на Косово би биле потребни гласовите на Србите. Марко Џуриќ, директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, ги советувал косовските Албанци наместо за војска да размислуваат за нови училишта, универзитети и работни места за оние кои живеат на Косово.
„Во време кога сите сакаме мир и безбедност и зборуваме за помирување, кому му се потребни нови војски на Балканот? Зарем не беа доста оружје, војни и страдање?”, изјавил Џуриќ за Блиц.
Сите се од УЧК
БСК се формирани во 2009, под контрола на САД и НАТО, а нивен прв командант беше Сулејман Сељими, командант на УЧК и осомничен за воени злосторства врз Србите. Сите високи офицери на БСК претходно биле припадници на УЧК. Годишниот буџет на Безбедносните сили на Косово изнесува нешто помалку од 43 милиони евра. Според сајтот на БСК, оваа формација главно се финансира од косовскиот буџет, но има и донатори, а најзначајни се американскиот контингент на КФОР и НАТО. Меѓу земјите каде припадниците на БСК се обучуваат се САД, Хрватска, Македонија, Словенија, Турција и Шведска

Останати вести