Хејли: Нема веќе да плаќаме 28,5 отсто од трошоците на мисиите на ОН

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, изјави дека САД повеќе нема да покриваат 28,5 отсто од трошоците за мировните операции на ОН, чиј годишен буџет е 7,3 милијарди американски долари.

Таа ова го изјави за време на дебатата на Советот за безбедност за реформа на мировните мисии.
САД се најголемиот финансиер на 15- те мировни мисии на ОН ширум светот, а администрацијата на Доналд Трамп одамна се жали дека и буџетот на мисиите, како и уделот на САД во него, е премногу висок. На инсистирање на Вашингтон, сегашниот буџет е намален е за 570 милиони долари во однос на минатата година. Хејли рече дека САД ќе работат на тоа да се осигура дека намалувzањето на американскиот удел во давање биде направен „на чесен и чувствителен начин, кој ќе ги штити мировните мисии на ОН”.

Останати вести