Полицијата трага по Хелен Божиновски

Викториската полиција минатиов петок упати апел за помош за лоцирање на исчезнатата Хелен Божиновски. 48 годишната жена била последен пат видена вечерта на нејзината домашна адреса во Farmington Road во северното предградие Mernda.

Полицијата и фамилијата на исчезнатата Божиновска се загрижени за нејзе. Во полицискиот билтен објавена е и слика од Хелен во надеж дека некој може да помогне со информација за тоа каде се наоѓа.
Секој што има информација за Хелен се замолува да се јави во полициската станица во Мернда на тел: 9216 1200.

Останати вести