Победете ја бактеријата Хеликобактер пилори!

Секој кој некогаш имал или има инфекција со бактеријата Хеликобактер пилори многу добро знае кои продукти смее да ги консумира, а кои би требало да ги ограничи или исфрли од исхраната. Но, мал број луѓе се запознаени со фактот дека некои продукти можат да помогнат во задржувањето на растот на бактериите и така да помогнат на здравјето на подлабоко ниво. 

Чудотворната брокула

Бидејќо Хеликобактер пилори се повеќе станува отпорна на терапијата со антибиотици, секоја природна помош е добродојдена. Веќе 20 години е познат антиканцерогениот ефект на сулфорафанот, фитохемикалија со која брокулата изобилува. Но, последните студии покажуваат дека брокулата благодарение на содржината на сулфорафанот може да го спречи развивањето на бактеријата, еден од главните причинители на карцином на желудникот. Позитивниот ефект е забележан и кај луѓето и кај животните, а според научниците, со консумирањето на брокулата, се внесуваат доволни количини на вредната фитохемикалија за манифестирање на благотворното дејство. Сулфорафанот е присутен и во некои други производи како што се рдоквите и зелката, па веројатно тоа е една од причините зошто свежиот сок од зелка помага и го забрзува лекувањето на гастритисот.

Бактериите не ги сакаат брусниците
Брусниците се познати по нивната делотворна примена врз уринарниот тракт и во нивната улога при намалување на бактериите и инфекциите. Но, овие бобици заслужуваат поголема популарност. Истражувањата покажаа дека благодарение на витаминот Ц и антиоксидансите, кои ги содржи брусницата, се спречува ширењето на бактериите во желудникот. Исто така, сокот од брусница им помага на антибиотиците да ја уништат Хеликобактер пилори. Во истражувањето, кое е спроведено во 2007 година, учествувале 177 заболени пациенти. Резултатите покажуваат дека пиењето сок од брусница за време и по терапијата со антибиотици во времетраење од недела дена, ги зголемуваат шансите за искоренување на бактеријата за 10 отсто.

Маслиново масло за здравје
Маслиновото масло е моќно оружје против Хеликобактер пилори. Благодарение на богатството од антиоксидантите, маслиновото масло има антибактериско дејство. Фенолните компоненти на маслиновото масло со часови остануваат непроменети и стабилни опколени со киселите желудочни сокови, па така повеќето состојки од маслото може да издржат и во оваа средина. Иако не е позната точната количина за дејствувањето на маслото, истражувачите веруваат дека секојдневната консумација во мали количини е сосема доволна во борба против бактеријата.

Сестрана куркума
Благодарение на содржината на фитохемикалијата куркумина, на куркумата и се препишува благотворното дејство на здрвјето генерално, а противвоспалитеното и антиинфективното дејство се само дел од сестранта моќ на овој зачин. Студиите континуирано покажуваат дека куркуминот од куркумата го инхибира растот на Халикобактер пилори, најверојатно спречувајќи ја бактеријата да формира биофилм кој и е потребен за преживување во киселото опкружување на желудникот. Иако студиите на луѓе не се толку убедливи, секако е корисно во исхраната да се вклучи куркумата и тоа посебно, ако се земаат антибиотици против Хеликобактер пилори.

Зелениот чај – познат антимикроб
Зелениот чај не само што е добар да се консумира секојдневно, туку има и антимикробно дејство врз уништувањето на желудочната бактерија. Чајот ја инхибира активноста на ензимите потребни за намалување на бактеријата и истовремено штити од бактериите. Една студија покажа дека внесувањето на зелен час во организмот дејствува превентивно за какви било бактерии во желудникот. Препорачаната секојдневна доза сè уште не е позната, но според истражувачите 3 дл е сосема доволно за заштита.

Останати вести