Херпес зостерот (Shingles), може да предизвикува многу болка и да доведе до тешки и долгорочни компликации. Херпес зостер е влажен осип што предизвикува многу болка и чешање, предизвикан од повторно активирање на вирусот варичела зостер – истиот вирус што предизвикува овча сипаница.
Понекогаш болката во зафатениот дел од телото може да биде многу силна и да трае долго време. Кога трае подолго од три месеци, се нарекува постхерпесна невралгија.
Другите компликации може да вклучуваат лузни, инфекции на кожата, губење на видот или слухот, воспаление на белите дробови (пневмонија) и/или невролошки компликации.
Секое трето лице ќе добие херпес зостер во текот на својот живот.
Како што човекот старее, опасноста од добивањето херпес зостер и невролошки компликации се зголемува.
Многумина се прашуваат ако сте имале херпес зостер порано, дали сепак треба да се вакцинираат?
Поразговарајте со вашиот општ лекар или со давателот на услуги за вакцинирање. Вакцинирањето им се препорачува на луѓето што во минатото имале инфекција со херпес зостер. Меѓутоа, треба да чекате најмалку една година откако сте имале херпес зостер за да ја примите вакцината.
Вакцината против херпес зостер е безбедна за повеќето луѓе на возраст од 70 до 79 години, вклучувајќи ги и луѓето што страдаат од хронични болести.
Некои луѓе може не се во состојба да ја добијат вакцината, особено оние што имаат многу ослабен имунолошки систем. Ве молиме за совет поразговарајте со вашиот општ лекар.
Најчестите несакани дејства од вакцината настануваат околу местото каде што била ставена инјекцијата, вклучувајќи црвенило, оток и/или болка. Понекогаш може да се јави главоболка, јадеж или осип околу местото каде што била ставена инјекцијата.
Оние што не ги исполнуваат условите за добивање бесплатна вакцина, може да ја купат со рецепт од нивниот општ лекар или од давателот на услуги за вакцинирање.
Вакцината може да се добие кај вашиот општ лекар или од давателот на услуги за вакцинирање. Прашајте го вашиот општ лекар или давател на услуги за вакцинирање за другите бесплатни вакцини кои имате право да ги добиете.