Хилари го победува Трамп со неговото најсилно оружје – парите

Во изборот на нов претседател на САД голема улога имаат парите, а во моментов далеку повеќе ги има Хилари: 42 милиона наспроти 1,3 милион долари на сметката на Доналд Трамп. Ова воедно е и најголемиот финансиски јаз меѓу двајца претседателски кандидати во историјата на САД, пишува „Политико”.

Истиот ден кога Доналд Трамп го отпушти шефот на својата кампања, Kори Левандовски, поради неорганизираност и лошо водење, се појави и информацијата дека касата на републиканците е далеку попразна од таа на Хилари. Овој јаз најдобро се гледа во бројот на вработени. Kампањата на Трамп ја водат само 70 платени луѓе, а зад Kлинтон стои тим од 700 вработени. Според сите досегашни податоци, кампањата на Kлинтон е убедливо најскапа во историјата на САД.
Трамп сметаше дека по официјалната победа на внатрепартиските избори, ќе привлече одреден број донатори што ќе му помогнат да го одржи чекорот со Хилари Kлинтон. Меѓутоа, такво нешто не се случи. Трамп од донации собра едвај 3 милиони долари (од што речиси 70 отсто од донации помали од 200 долари), а сето останато го финансира со заеми. За кампањата Трамп лично се задолжил со 45,7 милиони долари.
Kонтроверзниот републиканец за вака слабиот одѕив на донаторите може да се обвинува само себеси бидејќи за време на борбата се фалеше дека самиот ќе си ја финансира кампањата, а големите донатори ги нарече куклари кои со помош на парите сакаат да управуваат со кандидатите. Така, Трамп го завр­ши мај со 1,3 милион долари на сметката, а Хилари со повеќе од 42,5 милиони.
Имајќи предвид дека поддржувачите на Трамп се надеваат дека републиканецот ќе собере 300 милиони долари за кампањата, на Доналд му претстои долг пат до фер борба со Хилари. Неговата првична цел за кампања од милијарда долари веќе звучи малку смешно, истакнува „Политико”.

Останати вести