Хилари Клинтон може да донесе спас за Кевин Рад

Прајминистерот Малком Трнбол можеби мисли дека ја затворил врата за амбициите на Кевин Рад за место во ОН, но еден експерт верува дека Соединетите Американски Држави можат да ја одржат во живот надежта на поранешниот прајминистер.

Д-р Гоф Раби, поранешен амбасадор во Кина за време на владата на Кевин Рад и Џули Гилард, укажа на можност Рад да добие поддршка од САД. Д-р Раби изјави дека Хилари Клинтон може да биде негов спасител, доколку се одложи изборот за иден Генерален секретар на ОН, по претседателските избори во САД. Одлуката за ОН ќе биде донесена во септември, но ако се продолжи постапката за избор до ноември, за што постои реална можност, поради големиот број кандидати и напнатост во Европа, д-р Раби верува дека Руд би можел да добие шанса. Иако на неговата шанса и штети фактот што не доби поддршка од австралиската влада, тој сепак би можел да добие поддршка од Хилари Клинтон.
„Начинот на кој прајминистерот го одби барањето на Рад, и изјави дека не е способен за таа должност, сигурно ќе наштети на неговата шанса да стане кандидат за изборот. Но тоа не ја ослабна поддршката која може да му ја даде Клинтон, доколку одлучи да го вложи својот политички капитал во неговото именување. Тој и одговара особено како личност која знае како да излезе на крај со Кина” – рече д-р Раби. Исто така рече дека Рад по својот прајминистерски мандат успеа да го поправи својот статус во Пекинг и покрај тоа што некои политичари и понатаму не го сакаат премногу, но сметаат дека е личност со која Кина би можела да соработува, затоа што тој ја познава земјата.
„Кина можеби не покажува ентузијазам, но Пекинг нема да го блокира, за работата во ОН” – рече тој.
Ова е клучно и остава отворена врата за улогата на САД во поставување на Генерален секретар на ОН. Од американска перспектива, тоа што Рад ја познава Кина би било атрактивно. Рад успеа да се издигне на ниво на еден од највлијателните коментатори за односот на САД и Кина и Клинтон сфаќа дека тој однос со Кина е еден од најважните предизвици кои дури би можел да го дефинира нејзиното претседателство. На Рад му помага блискиот однос со Клинтон, од која е воодушевен повеќе години. Русија исто така може да се најде во трка, доколку Рад ја добие поддршката на САД.
„Иако Путин не би изразил добредојде за Рад, кога овој би ја добил позицијата, но во исто време добива можност да се позанимава со претседателскиот кандидат, а може и да добие и атрактивни бенефиции за возврат, доколку не ја оспори кандидатурта на Рад” – рече д-р Раби. Пред две недели прајминистерот Малком Трнбол рече дека владата нема да даде поддршка на поранешиот премиер од редовите на Лабуристите за работа во ОН, затоа што не е соодветен за таа улога. Оваа одлука многу ја критикуваа, како ситно политиканство, додека други Рад го опишуваат како психопат и „познат насилник”. И покрај извештаите од министерството за надворешни работи и трговија за поддршка на номинацијата, велејќи дека Кевин Рад е квалификуван, министерот за финансии за 2GB рече дека ставот на владата за кандидатурата на Рад не е променет.

Останати вести