Хју Џекман опериран од рак на кожа

 

Неуништивиот Волверин на социјалната мрежа Инстаграм објавил фотографија на која има фластер на носот. Не е во прашање тепачка, туку славниот глумец бил подложен на операција поради рак на кожа, но за среќа, не е сериозно.

Австралискиот глумец Хју Џекман објавил фотографија нa својот профил на Инстаграм, за да им обрне внимание на неговите фанови на таа малигна болест.
– Сопругата Деб ми рече да ја прегледам бенката на носот. Добро е што го направив тоа – се покажа дека имам рак на кожа. Немојте да бидете будали како мене. Одете на лекар. И користете крем за сончање!!!- порачал згодниот глумец.
Карциномот на базалните клетки, типот на рак кој го оперирал, е честа појава. За среќа, ретко метастазира и доведува до смрт. Се манифестира со тенки, обоени дамки на кожата и со сјајна површина, особено на лицето.

Останати вести