Хјуит не може без тенисот, ќе игра во дубл на Вимблдон

Австралискиот тенисер Лејтон Хјуит официјално се повлече од тенисот, но, сепак, не сметаше дека ‘пензијата’ ќе му падне така тешко.

Поради тоа одлучи и да се врати на тениските терени, но само во игра на двојки. Хјуит ќе биде дел од претстојниот гранслем турнир Вимблдон, во двојка со Џордан Томпсон.
„Тенисот не се остава така лесно”, коментира Лејтон Хјуит.
Организаторите на Вимблдон и дадоа вајлд карта за настап и на Даниела Хантукова, четвртфиналистката од 2002 година, за да учествува на годинашниот турнир.

Останати вести