Хоки ги потенцираат лошите економски резултати на Владата

Националниот долг расте со неверојатна брзина од 1,5 милијарди долари неделно, во првите два месеци откако е дојден повторно Кевин Рад на чело на државата. Во просек, Австралија како држава  ќе има камата за отплата од 10 милијарди долари годишно.

Бизнис заедницата ја предупреди владата доколку не се промени начинот на трошење пари, и не се скроти дефицитот, долгот на Австралија ќе стане товар на развојот. Сегашниот долг на државата изнесува 269 милијарди што е зголемување од 257 милијарди кога Кевин Рад ја замени Џулија Гилард на 26 јуни. Ако продолжи ова темпо на задолжување Австралија ќе биде заборчена 300 милијарди долари до крајот на годината. Кога Џон Хауард беше поразен на изборите пред седум години, националниот долг беше само 58 милијарди, а имаше 44 милијарди долари резерва во банка.

Во времето на Пол Китинг долгот беше 95.8 милијарди. Очигледно е колку многу и брзо за време на првиот мандат на Кевин Рад и Џулија Гилард била влошена економската ситуација. Лабуристите во ниту еден од своите буџети не успеаја да имаат позитивен баланс, во сите беа во минус и тоа голем минус.

Според опозиониот благајник Џо Хоки, Австралија ќе треба да исплаќа камата од 10 милијарди долари во следните четири години. Тоа е интерес од скоро 190 милиони неделно, и тоа е само камата пред да се исплати барем еден долар од основицата.

Економистот Крис Ричардсон рече “стандардот на живеење” е во опасност ако лидерите продолжат да ги игнорираат проблемите со задолжувањето.

Останати вести