Британската полиција во инцидент кој се третира како терористички напад, застрела маж кој почина на лице местo. Меѓутоа, пред полициската акција, минувачи го срушиле на земја и му го одзеле ножот.
Неколку луѓе му се нафрлиле да го спречат нападот, а еден маж го земал ножот кој му припаѓал на напаѓачот.
Минувачот што го одзел ножот си заминал откако помогнал да се разоружа напаѓачот.
Полицијата го застрела напаѓачот на Лондонскиот мост, откако тој избодел неколку минувачи. Напаѓачот почина на лице место.
Инцидентот се води како терористички напад затоа што напаѓачот на своето тело имал врзано лажен експлозив.