Некои продукти навистина имаат влијание на организмот…и на здравјето, но и на расположението.
Банани за тага
Доколку вашиот проблем е тага, се прашувате која храна ќе ви помогне? Стручњаците велат-банани. Зошто? Бидејќи содржат триптофан, природна состојка која го подобрува расположението.
Морков против акни
Имате проблем со акни. Која храна може да ви помогне? Морков и манго. Содржат бетакаротен, кој се претвора во витамин А, а се верува дека ги ублажува акните.
Скуша за испукани усни
Проблемот со испуканите усни, особено во ладните месеци може да го решите со скуша, свежо сирење, млеко, јогурт. Зошто? Богати се со рибофлавин, (витамин Б2), кој ќе ја ублажи отеченоста и оштетеноста на усните.
Камилица за подочници
Жебите одобено имаат проблем со подочници. И за тоа има лек. Чај од камилица. Ова е најпопуларната терапија за овој проблем. Зошто? Бидејќо го подобрува квалитетот на ноќниот сон.
Јогурт за коса без сјај
Коса без сјај. Ова е се поголем проблем. Добро би било да козумирате про-биотски напитоци како јогурт.Зошто? Ги носат “добрите бактерии”, кои го подобруваат варењето на хранливите материи и се борат против инфекциите.
Зелен чај за црвени очи
Проблем со црвени очи. Капини, малини, боровинки, зелен чај, екстракт од семки од грозје. Содржат хранливи материи, кои ги јакнат крвните садови.
Зелениот чај подгответе го со студена вода
Чајот е еден од најпопуларните пијалаци во светот. Здрав е, пристапен и има ниска калориска вредност. Чајот е одличен извор на антиоксиданти коишто го намалуваат ризикот од настанување на низа болести, а истовремено учествуваат во превенција од превремени знаци на стареење.
Научниците од Малезија спровеле истражување во кое го анализирале нивото на антиоксиданти кај три видови чај – бел, зелен и црн. Исто така, го анализирале нивото на антиоксиданти по различните начини на подготвувањето на чајот. Резултатите покажале дека подготвувањето на чајот треба да го адаптирате на видот на чајот.
Кај подготвувањето на белиот чај нивото на антиоксидантите е под влијание на времето, односно температурата на водата не игра никаква улога – значи колку подолго чајот стои во врела вода, толку нивото на антиоксиданти е пониско.
Кај подготвувањето на црниот чај нивото на антиоксиданти исто така е под влијание на времето и него треба во врела вода да го држите многу кратко.
Но, кај подготвувањето на зелениот чај нивото на антиоксиданти е под влијание на температурата и најдобро е да го подготвите со студена вода, бидејќи нивото на антиоксиданти тогаш е највисоко.
Резултатите покажале дека нивото на антиоксиданти е нешто поголемо во зелениот и црниот чај.